Околу девет милиони евра ќе бидат инвестирани во битолската млекарница ”Би Милк“ во наредните неколку години за подобрување на ефикасноста на работењето, зголемување на производството на млеко, како и подобрувањето на квалитетот и безбедноста во производството. По петокот на прес конференција во “Би Милк“ беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу битолската млекарница и Холандската ПУМ програма за зголемување безбедноста на производството на млеко. На потпишувањето на Меморандумот покрај првиот човек на “Би Милк“ Златко Најдовски и Јохан Ван Ден Берг, координатор на проектот од Холандија присуствуваше и заменик амбасадорот на Холандија во Македонија Петер Вер Хасен.
Околу девет милиони евра ќе бидат инвестирани во битолската млекарница ”Би Милк“ во наредните неколку години за подобрување на ефикасноста на работењето, зголемување на производството на млеко, како и подобрувањето на квалитетот и безбедноста во производството.
Како што јави телевизија Тера, по петокот на прес конференција во “Би Милк“ беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу битолската млекарница и Холандската ПУМ програма за зголемување безбедноста на производството на млеко.
На потпишувањето на Меморандумот покрај првиот човек на “Би Милк“ Златко Најдовски и Јохан Ван Ден Берг, координатор на проектот од Холандија присуствуваше и заменик амбасадорот на Холандија во Македонија Петер Вер Хасен.
Со потпишувањето на овој Меморандум битолската млекарница ќе ангажира холандски експерти во креирањето и реализацијата на долгорочните инвестициски планови на битолската млекарница.